Песков: Не се разгледува можноста за втора мобилизација
Песков најави и дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува да присуствува на самитот на Евроазиската економска унија во Бишкек на 9-ти декември. Путин, претходно, овој месец изјави дека 318.000 луѓе биле регрутирани како дел од делумната воена мобилизација во таа земја...

Портпаролот на Кремљ, Песков рече дека Русија не ја разгледува можноста за втор бран на воена мобилизација. Истакна дека земјата сака да ги постигне своите цели во рамките на таканаречената специјална воена операција чија цел не промена на власта во Киев. Претходно, Москва и Киев меѓусебно се обвинија за гранатирање објекти во нуклеарната централа.
Песков најави и дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува да присуствува на самитот на Евроазиската економска унија во Бишкек на 9-ти декември и дека рускиот лидер има намера да има одвоена средба со ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
Путин, претходно, овој месец изјави дека 318.000 луѓе биле регрутирани како дел од делумната воена мобилизација во таа земја, од кои 49.000 веќе извршуваат борбени мисии во Украина.
Од 21-ти септември до 28-ми октомври Русија изврши делумна воена мобилизација
