Пожар во фабрика во Кина, најмалку 38 загинати
Пожарот бил пријавен вчера, околу 16 часот и 30 минути, а на пожарникарите им биле потребни околу три и пол часа да го стават под контрола. Сè уште нема информации за причината за пожарот и точниот број на загинати работници во фабриката...

Најмалку 38 лица загинаа, а две се повредени во пожар во хемиска фабрика во централната кинеска провинција Хенан, соопшти денеска округот Венфанг.
Пожарот бил пријавен вчера, околу 16 часот и 30 минути, а на пожарникарите им биле потребни околу три и пол часа да го стават под контрола.
Сè уште нема информации за причината за пожарот и точниот број на загинати работници во фабриката.
Кина има историја на индустриски несреќи поради недоволно почитување на безбедносните мерки, во услови на зголемена конкуренција и корупција меѓу службениците.
Како директни причини, често се наведуваат лошите услови за складирање, заклучените излези и недостатокот на противпожарна опрема.
Во 2015-та година, во голема експлозија во складиште за хемикалии во северниот кинески пристаништен град Тијанџин загинаа 173 луѓе, главно пожарникари и полицајци.
