Медиумите за изборите

27.04.2014 14:03

„1042 кандидати за 123 пратенички места“, „Крај на изборниот маратон“, „Македонија на двојни избори“, се дел од насловите во дневниот печат...

Избалансирано информирање, транспарентност, објективност се принципите кои треба да ги почитуваат медиумите во известувањето за текот на изборниот процес. Со глоба во износ од 300 до 3 илјади евра медиумот ќе биде казнет, доколку не обезбеди: рамноправен пристап во програмата; покривање на изборите на правичен, непристрасен начин; доколку програмите наменети за малолетната публика се користат за изборно медумско претставување или пак емитуваат платено политичко рекламирање спротивно на утврденото време.

„1042 кандидати за 123 пратенички места“, „Крај на изборниот маратон“, „Македонија на двојни избори“, се дел од насловите во дневниот печат. Но, покрај домашните медиуми, кои ажурно го следат изборниот процес, според ДИК, акредитирани се и околу 30 странски новинари.

Во текот на вчерашниот ден, како и денеска до 19 часот, до кога трае изборниот молк, медиумите известуваат  за новините за овој изборен циклус.  Со маркер ќе биде обележан левиот палец на граѓанинот кој решил да го искористи своето право на глас, како и дека постојат 2 изборни списоци, за претседателските и за предвремените парламентарни избори.

 

Лука Андреев