Финансии

Собраниската расправа за Предлог- буџетот за 2023-та почнува утре

22.11.2022 11:24

Очекувам голем интерес за дискусија, имајќи го предвид тековниот глобален контекст, како и новите карактеристики на Буџетот, кој првпат се подготвува согласно новиот Закон за буџети, вели Бесими.

Во Собранието утре почнува дебатата за Предлог-буџетот за 2023 година што Владата го усвои на 2-ри ноември. Собраниската дебата ќе трае 10 дена. Министерот за финансии Фатмир Бесими, како што пренесува МИА, очекува голем интерес за дискусија.

Очекувам голем интерес за дискусија, имајќи го предвид тековниот глобален контекст, како и новите карактеристики на Буџетот, кој првпат се подготвува согласно новиот Закон за буџети, вели Бесими.

Растот на домашната економија е проектиран на 2,9 проценти, а стапката на инфлација на 7,1 процент. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите се на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП.