Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена
Согласно со одлуката на Владата, за снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1-ви декември ќе можат можат да аплицираат дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта.

Владата тврди дека има тренд на намалување на цените на основните прехранбени производи, а дополнително поевтинување очекуваат од први декември кога дел од компаниите од прехранбениот сектор ќе почнат да добиваат струја по повластена цена. Рокот за аплицирање е до утре, да се искористи можноста за поднесување документација, апелира министерот Бектеши.
„Околу 1.000 компании тоа можат да го направат согласно со податоците од Централен регистар во делот на нивната регистрација со шифра на дејност кои се предвидени во одлуката. До пред два-три дена беше околу 300 бројот на компаниите кои веќе доставиле апликација. Ги повикувам сите компании да ја искористат можноста заради тоа што од 1-ви декември и во делот на трговијата ќе следат дополнителни мерки кои ќе бидат предложени од страна на Министерството за економија“, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Согласно со одлуката на Владата, за снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1-ви декември ќе можат можат да аплицираат дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта.
Целта на одлуката е да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период.
