Србија денеска ќе добие нова влада
27.04.2014 14:05
Излагањето на Вучиќ, напишано на 70 страници, треба да трае околу 3 часа...
Србија денеска треба да добие нова влада. Со експозе на мандатарот Александар Вучиќ, почна специјалната седница на која Собранието ќе го избере новиот кабинет.
Изборот на владата и полагањето заклетва на нејзиниот претседател е единствена точка на седницата.
Излагањето на Вучиќ, напишано на 70 страници, треба да трае околу 3 часа. Владата ќе има 19 министри, меѓу кои и двајца без ресор.
