Не се предвидени рестрикции на струја, уверува Бектеши
Домашното производство е намалено, термоелектраните Осломеј и Неготино не работатат. Владата смирува, граѓаните и компаниите да бидат спокојни, не се предвидени рестрикции, сите производствени капацитети ќе бидат подготвени...

Рестрикции во снабдувањето со електрична енергија не се предвидени, уверува министерот за економија Бектеши. Вели, сите производствени капацитети во државата ќе бидат подготвени, иако во моментов, дел од нив се во фаза на ремонти, а државата увезува струја.
Во РЕК Битола деновиве треба да стигне трансформаторот за третиот блок, а ТЕЦ Неготино нема да се вмрежи, бидејќи произведената струја сè уште е повисока од увозната.
Бектеши информира дека согласно септемвриските податоци, продолжува трендот за намалување на потрошувачката на струја на државните институции. Вели – почнал и тренд на намалување на цените на основните прехранбени производи. Тој најави барање за дополнително намалување на цените од 1-ви декември, во спротивно ќе следат казни.
Марија Котовска
