Премиерот на Јужна Кореја поднесе оставка поради несреќата со траектот
27.04.2014 14:11
Нуркачите извлекоа 183 тела, но уште стотици се исчезнати, најверојатно удавени...

Премиерот на Јужна Кореја Чунг Хонг-Вон си даде оставка по критиките за тоа како владата се справила со потонувањето на траектот со речиси 500 луѓе во водите кај туристичкиот остров Џеџу.
„Најправилното е да постапам одговорно и да си дадам оставка како одговорен за владата. Тоа е некаков начин да се извинам“, рече премиерот во оставка.
Претседателката Парк Ген Хуе ја прифати оставката на Чунг, но без краен рок да го напушти кабинетот. Нуркачите извлекоа 183 тела, но уште стотици се исчезнати, најверојатно удавени.
