Свет

Земјотрес од 6,2 степени го погоди мексиканскиот брег

22.11.2022 21:21

Земјотрес со јачина од 6,2 степени е регистриран во близина на брегот на мексиканската држава Долна Калифорнија, соопшти Геофизичкиот институт на САД...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени е регистриран во близина на брегот на мексиканската држава Долна Калифорнија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Земјотресот бил на длабочина од 19 километри. Епицентарот на земјотресот бил на околу 30 километри западно-југозападно од Лас Бризас, Долна Калифорнија.