Собрание

Почнува дебатата за Предлог-буџетот, поднесени над 260 амандмани

23.11.2022 08:00

Предлог-буџетот е изготвен согласно новиот Закон за буџети и со него треба да се одржи економскиот раст, да се извршат редовно сите обврски на државата и да се поддржат реформите и евроинтегративните процеси на земјата.

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за следната година.

Економскиот раст на домашната економија е проектиран на 2,9 проценти, а стапката на инфлација 7,1 процент. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите се на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП.

Предлог-буџетот е изготвен согласно новиот Закон за буџети и со него треба да се одржи економскиот раст, да се извршат редовно сите обврски на државата и да се поддржат реформите и евроинтегративните процеси на земјата.

Поднесени се 263 амандмани од сите политички партии, од кои околу 200 се од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува голем интерес за дискусија. Претседателот на Комисијата, Бојан Стојаноски, пак, вчера изјави дека интересот е особено голем и дека очекува плодна расправа.