ДИК: Излезеноста до 13 часот на претседателските избори 27,05%, на парламентарните 30,93%
Најголема излезеност има во Новаци, најмала во Желино...

До 13 часот правото на глас за претседателските избори го оствариле 27,05 проценти од избирачите, додека за предвремените парламентарни избори гласале 30,93, покажуваат податоците на интернет страницата на Државната изборна комисија.
Најголема излезеност има во Новаци, односно 53,42 проценти за претседателските и 54 проценти за предвремените парламентарни избори.
Најмалa излезеност за претседателските избори е регистрирана во Желино каде на гласање излегле 5,37 проценти од гласачите.
За парламентарните избори гледано по изборни единици најголем одѕив има во Третата изборна единица - 37,01 процент, по што следуваат Четвртата изборна единица со 34,86, Првата со 32, 12 проценти, Петата со 30,37, Втората со 29,08, додека за Шетстата изборна единица гласаче 22, 92 проценти од гласачите.
Според избирачкиот исписок, право на глас на денешните предвремени парламентарни избори имаат 1.780.128, а на претседателските 1.779.572 граѓани.
