Виена

Спасовски на средба со неговиот австриски колега Карнер

23.11.2022 08:17

Како што соопшти МВР, Спасовски во МВР на Австрија ќе одржи предавање на тема „Миграциски текови и значењето на потпишаниот договор со Фронтекс за безбедноста на европските граници”.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на дводневниот работен престој во Виена, денеска ќе го посети Министерството за внатрешни работи на Австрија и ќе оствари средба со министерот Герхард Карнер.

Како што соопшти МВР, Спасовски во МВР на Австрија ќе одржи предавање на тема „Миграциски текови и значењето на потпишаниот договор со Фронтекс за безбедноста на европските граници”.

Во Амбасадата на Северна Македонија во Виена, Спасовски вечер ќе се сретне со претставници на дијаспората и со вработени во Амбасадата.