САД
Десетина загинати во пукање во супермаркет во Вирџинија
23.11.2022 08:35
Според првите резултати од истрагата, менаџерот на маркетот најверојатно ги застрелал вработените, а потоа се самоубил...
Најмалку десет лица се убиени во пукање во супермаркет на „Волмарт“ во градот Чесапик, во Вирџинија.
Според првите резултати од истрагата, менаџерот на маркетот најверојатно ги застрелал вработените, а потоа се самоубил. Засега се верува дека целиот инцидент се случил внатре во продавницата, меѓутоа полицијата соопшти дека телото на едно лице е пронајдено пред продавницата, пишува „Би-би-си“.
Повеќе детали ќе бидат познати по завршување на истрагата. Сè уште не е познат мотивот за нападот.
Нападот се случува три дена по пукањето во геј клуб во Колорадо, кога загинаа пет луѓе, а 17 се ранети.
