Социјала

Тренчевска на регионална конференција за родово одговорно буџетирање во Турција

23.11.2022 10:02

Тренчевска се обрати на панел дискусијата насловена: „Лидерството и перспективите на креаторите на политиката за Родово одговорно буџетирање“, заедно со министри од Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на регионалната конференција насловена: „Трансформативно финансирање како забрзувач за родова еднаквост: црпење на искуства од родово одговорно буџетирање и научени лекции“, организирана од регионалната канцеларија на UN Women, која се одржува денеска и утре во Истанбул, Република Турција.

Тренчевска се обрати на панел дискусијата насловена: „Лидерството и перспективите на креаторите на политиката за Родово одговорно буџетирање“, заедно со министри од Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

„До денес, родово одговорното буџетирање е пилотирано во 14 ресорни министерства и 3 државни агенции со континуирано стручно менторство обезбедено од UN Women. Според методологијата, ресорните министерства и државните институции се обврзани да спроведат основна родова анализа на одредена секторска програма и да развијат родови аутпут индикатори, како и да продолжат да следат напредок во спроведувањето на избраните програми и нивното влијание. Наша цел е системско решавање на прашањата преку  воспоставување на систем кој ќе функционира“, изјави министерката Тренчевска.

Министерката се осврна и на носењето на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 која е основниот стратешки документ со кој се воспоставува сеопфатна рамка за понатамошни активности во насока на унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените.

„Зајакнувањето на системот, поддршката на жените во процесот на инклузија на пазарот на труд, борбата со семејното и родово-базиранано насилство, се алатки со кои се зајакнува целото општество.  Со секоја наша акција ние инвестираме во идните генерации, инвестираме во  децата кои ќе раснат во духот на еднаквоста и недискриминацијата, инвестираме во искоренување на трансгенерациското насилство, инвестираме во цврстиот темел на државата“, порача  Тренчевска.