САД

Смртоносен напад во маркет на „Волмарт“ во Вирџинија

23.11.2022 10:04

Мажот, за кој се верува дека бил менаџер во супермаркетот, се самоубил откако го извршил нападот. Меѓу жртвите има и неколкумина вработени. Мотивот не е познат...

Десетина лица се убиени во супермаркет на „Волмарт“ во градот Чесапик, Вирџинија.

Мажот, за кој се верува дека бил менаџер во супермаркетот, се самоубил откако го извршил нападот. Меѓу жртвите има и неколкумина вработени. Мотивот не е познат.

Пред три дена, во Колорадо беше отворен оган кон гости во клуб на ЛГБТ заедницата, при што беа усмртени петмина.