Бандероли за семиња

26.11.2013 10:14

Ќе се заострува контролата на увозот на семенскиот материјал

 Се планираат бандероли и евиденција на семето што се произведува и увезува. Предвидени се казни од 30.000  до  50.000 евра.

Бандероли и евиденција на садниот и семенскиот материјал, се за подобра контрола во трговијата.

Целта е да се контролира увозот, и да се забрани препакувањето на семињата , најчесто на штета на земјоделците.

Странските пратки ќе мораат да се сертифицирани, и несмеат да се ставаат во продажба без контролни маркички со сериски броеви издадени од ресорното министерство.

Производителите трговците и увозницитена семенски материјал мора да се регистрирани со најмалку едно вработено лице со соодветно високо образование.

Доколку продава не сертифициран, спакуван и не  етикетиран производ трговецот ќе биде казнет од 30.000  до 50.000 евра.