Свет
Над 30 лица се повредени во силен земјотрес во Турција
23.11.2022 10:16
Длабочината на потресот е измерена на два километра. Тектонските движења биле почувствувани и во Истанбул и Анкара...

Триесетина лица се повредени во земјотрес од 6 степени по Рихтер во западниот дел на Турција, во близина на градот Дузџе, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Во делови е прекинато снабдувањето со електрична енергија. Длабочината на потресот е измерена на два километра. Тектонските движења биле почувствувани и во Истанбул и Анкара.
