Една година од автобуската трагедија во Бугарија
Една година од трагедијата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, во која загинаа 45 лица. Кај семејствата и блиските на настраданите болка и тага, но и горчина зошто истрагата на бугарското обвинителство сè уште не е завршена, а тапка и постапката за обесштетување...

Една година од трагедијата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, во која загинаа 45 лица. Кај семејствата и блиските на настраданите болка и тага, но и горчина зошто истрагата на бугарското обвинителство сè уште не е завршена, а тапка и постапката за обесштетување.
Досегашната истрага, вината ја лоцира кај возачот кој возел со прекумерна и неприспособена брзина. Но, бугарски адвокати кои застапуваат семејства на загинатите, велат дека не може да се занемарат недостатоците на коловозот и отсуството на соодветна сигнализација на патот.
Во Македонија веќе почна судски процес против управителот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци. Само за една година, со лажна јавна исправа, автобус на „Беса транс“ 20 пати ја преминал државната граница.
