ЕСМ: Правните субјекти да аплицираат за повластено користење струја
Повикот се однесува на основните и средните училишта, јавни претпријатија од областа на водостопанство, и дел од прехранбената индустрија.
АД ЕСМ преку „ЕСМ Продажба“ ги повикува сите правни субјекти опфатени со одлуката на Владата за субвенционирано снабдување со електрична енергија, кои ги исполнуваат условите, најдоцна до денеска до 14 часот, да се пријават за снабдување со електрична енергија од 1-ви декември годинава.
Повикот се однесува на основните и средните училишта, јавни претпријатија од областа на водостопанство, и дел од прехранбената индустрија.
Од ЕСМ посочија дека доколку не биде испочитуван рокот, или не се комплетирани документите, правното лице ќе биде вклучено во групата за снабдување од 1-ви јануари 2023-та, но со комплетна документација.
