Во Велес се гласа „европски“

27.04.2014 15:09

Оние кои веќе го дале својот глас велат дека очекуваат ветувањата да бидат исполнети...

Онака како што доликува за европски орентиран град,  во Велес тече изборниот процес. Од ОИК  за МРТ велат дека  гласњето  се одвива според очекувањето , до нив нестигнале никакви информации  за нарушување на изборниот процес. 

Оние кои веќе го дале својот глас велат дека очекуваат ветувањата да бидат исполнети, но кај секој анкетиран гласач преовладува желбата за економско јакнење на државата.

„Подобар живот за сите, за младите за пензионерите“, „Повеќе вработувања“,

„Очекуваме да биде добро да има запослувања“, велат случајно анкетираните велешани.

Според информациите од ОИК од Кавадарци и Неготино , изборниот процес и во  двете најголеми општини од тиквешкиот регион тече без проблеми.

 

Дијана Иванова