Скопје

Повторно пропадна камион во фонтаната на плоштад „Македонија“

23.11.2022 10:54

Ова се случува по четврти пат, возила на градската чистота или превозници кои добиваат специјални дозволи за движење заради завршување на некои активности, да пропаднат во фонтаната.

Центарот на Скопје како Бермудски триаголник. Камион на приватна компанија со странски регистарски таблички утрово повторно пропадна во подната фонтана на плоштад „Македонија“.

Ова се случува по четврти пат, возила на градската чистота или превозници кои добиваат специјални дозволи за движење заради завршување на некои активности, да пропаднат во фонтаната.

Полицијата на терен направи увид.