Литература

Промоција на „Денот кога го изедовме бога“ од Гордана Јовиќ – Стојковска

23.11.2022 11:11

Гордана Јовиќ – Стојковска е книжевник и есеистичар, преведувач и истражувач на јужнословенска митологија. Автор е на повеќе книжевни дела, поезија и проза. Од 2001 година активно се занимава и со преведувачка дејност и има над 30 поетски, прозни и стручни книги...

Книгата „Денот кога го изедовме бога“ од Гордана Јовиќ – Стојковска ќе биде промовирана вечерва во „Салон Империјал 2“ на Културно-информативниот Центар – Скопје вечерва од 19:19 часот. Промотори на книгата ќе бидат Елизабета Јончиќ и Иван Антоновски, а извадоци од книгата ќе чита авторката.

Гордана Јовиќ – Стојковска е книжевник и есеистичар, преведувач и истражувач на јужнословенска митологија. Автор е на повеќе книжевни дела, поезија и проза. Од 2001 година активно се занимава и со преведувачка дејност и има над 30 поетски, прозни и стручни книги.

Автор е и на повеќе детски ТВ драми и серијали реализирани во МТВ и добитник на повеќе меѓународни и домашни награди. Нејзините дела се преведувани на над 20 светски јазици и се застапени во повеќе светски антологии.

За својот книжевен опус авторката Гордана Јовиќ-Стојковска има добиено повеќе значајни награди меѓу кои „Млада Струга“, Златна значка на Културно-просветна заедница на Србија и Сесловенско признание од Белорусија.