Смртоносен напад во маркет на „Волмарт“
Седуммина убиени, неколкумина повредени во напад во „Волмарт“, Вирџинија. Првичните полициски извештаи покажуваат дека менаџерот на маркетот, од засега непознати причини, отворил оган кон вработените, а потоа и кон себе …

Масакр, па самоубиство во Вирџинија. Десетина луѓе се убиени и повредени во супермаркет на „Волмарт“ во градот Чесапик. Очевидци изјавија дека мажот, кој бил менаџер во супермаркетот, првин отворил оган кон вработените, а потоа се самоубил. Се испитува мотивот. Ова не е прв ваков инцидент во „Волмарт“. Пред три години во Ел Пасо беа убиени 23-ца.
„Влеговме внатре и за 30-45 минути, најдовме повеќе убиени и повредени лица. Заедно со противпожарниот оддел и тактичките тимови успеавме брзо да ја извршивме спасувачката акција. Веруваме дека напаѓачот дејствувал самостојно, тој е меѓу жртвите“, изјави Лео Косински, полициски оддел на Чесапик.
„Брат ми влегол во 22 часот. Осум минути подоцна, на неговата жена ѝ јавија дека е застрелан. Толку!“, вели сестра на еден од вработените во „Волмарт“.
Нападите со огнено оружје во САД повторно бележат раст. Пред три дена, во Колорадо беше отворен оган кон гости во клуб на ЛГБТ заедницата при што беа усмртени петмина, а повредени речиси 20 луѓе.
Маја С. Филдишев
