Македонија
Град Скопје: Камионот кој пропадна во фонтаната немал дозвола за движење на плоштадот
23.11.2022 12:23
Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок...

Возило на приватната компанија чиј камион неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што причинил материјална штета – нема дозвола за движење на плоштадот, иако има поднесено такво барање, информираат од Град Скопје.
Оттаму велат дека возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок.
Градот Скопје по извршениот инспекциски увид издаде санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава-стои во соопштението.
