Непречено гласање во Прилеп
За граѓаните е свечен чин по повеќе од две децении изборни циклуси...

Овде во комплексот на основното училиште „Добре Јованоски“ во населбата Тризла во Прилеп е најголемата врвулица секогаш за изборите. Има 14 избирачки места со преку 8 000 избирачи.
Мирно и непречено се одвива изборниот процес и во попладневните часови. За граѓаните е свечен чин по повеќе од две децении изборни циклуси.
„Никогаш не сум престанала...Треба сите да гласаат...Свечен ден е, доаѓам со изнемоштеност, само да гласам...“, велат глсачите.
На 142 -те избирачки места до 13 часот во Прилеп гласале околу 40 проценти Гласот е пресуден за новите очекувања.
„Очекуваме малку подобро да биде...Мислам дека мојот глас придонесе за иднината на Македонија“, велат анкетираните.
Одзивот на гласањето во соседните Кривогаштани е 34 проценти, во Долнени 23, а во Крушево е над 40 насто.
Елизабета Митреска
