Финансии

Почна комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година

23.11.2022 13:31

Комисиска расправа за предлог-државната каса за идната година. Економскиот раст проектиран на 2,9 проценти, а инфлацијата во просек 7,1 насто. За ВМРО-ДПМНЕ предложениот Буџет е надуван балон, а економската состојба е крајно загрижувачка...

Справување со енергетската криза и со инфлацијата, создавање услови за економско заздравување и одржлив раст – експозе на министерот за финансии Бесими за Предлог-буџетот за в година. Вели, Владата останува на определбата за постепена фискална консолидација, која нема да влијае негативно на економската активност.

Пред нас е историски највисок и нереален Буџет, инфлаторен и надуен балон, кој е прашање на време кога ќе експлодира, став на ВМРО ДПМНЕ. Од власта пак велат, зборуваме за Буџет кој има за цел економски одржлив раст во време на криза.

Државата в година планира да потроши 5,3 милијарди евра, а да собере 4,6 милијарди. Буџетската дупка би била 700 милиони. Растот е проектиран на 2,9 проценти, инфлацијата на 7,1. На предлогот се поднесени над 250 амандмани.

 

Марија Котовска