До 14 часот во Штип гласале близу 45% од гласачите
Се се одвива во најдобар ред. Се гласа во мирна, демократска атмосфера без никакви проблеми...

Близу 45 отсто од вкупно запишани 41.698, или нкаде околу 18.700 граѓани го искористиле своето право на глас заклучно со 14.00 часот.
„Се се одвива во најдобар ред. Се гласа во мирна, демократска атмосфера без никакви проблеми“, изјави Софија Петковска, претседател на избирачки одбор на избирачко место 2268 - Штип.
Штипјани кои ги сретнавме на избирачките места, со свои конкретни очекувања од идниот претседател и пратеници.
„Очекувам да има вработување за младите, да живеат подобро, па и на нас пензионерите уште повеќе да ни се качат пензиите“, „Нека биде се најубаво, нека има работа, да се вработат младите, а ние да си живееме како што треба“, велат гласачите.
Инаку, на ниво на Источен Регион денес се гласа на 373 избирачки места, а право на глас имаат 162.403 лица. Излезноста по општини се движи од 35-45 отсто.
Оливера Жежова
