20 години ДНК – музика и хуманост
Импресивниот јубилеј ДНК го одбележа и со нов студиски албум симболично насловен „Дваесет“ кој беше промовиран во склоп на прес-конференцијата која се одржа денес. На албумот се врежани 12 композиции кои се хронолошки распоредени, а тимот зад сите тие е истиот – Владимир Блажев – Панчо, Андреја Ѓеорѓиески и продуцентот Лазар Цветкоски.

Најпопуларното музчко дуо – Андреј и Панчо во полна пареа се подготвуваат за големиот концерт по повод дваесетгодишниот јубилеј кој ќе се случи на 3ти декември во спортската сала Борис Трајковски во Скопје.
Импресивниот јубилеј ДНК го одбележа и со нов студиски албум симболично насловен „Дваесет“ кој беше промовиран во склоп на прес-конференцијата која се одржа денес. На албумот се врежани 12 композиции кои се хронолошки распоредени, а тимот зад сите тие е истиот – Владимир Блажев – Панчо, Андреја Ѓеорѓиески и продуцентот Лазар Цветкоски.
На прес-конференција дуото откри нови детали за концертот, а покрај музичките гости како Тамара Тодевска, Магдалена Цветкоска – Ена, Јанг Дади и многу други, тимот на ДНК го истакна и хуманитарниот аспект на концертот. Имено, дел од средствата прибавени со продажба на влезниците за концертот ќе бидат донирани во Фондацијата Марко Божиновски – фондација која се залага најпрво за поддршка на млади спортисти, но и општо на млади луѓе од социјално загрозени категории.
Во контекст на хуманиот карактер на концертот, примероци од албумот „Дваесет“ ќе бидат достапни за продажба исклучиво во салата Борис Трајковски за време на концертот и половина од средствата прибавени од продажба на компакт дисковите ќе бидат исто така вклучени во донацијата за Фондацијата Марко Божиновски. Меѓудругото, посетителите кои ќе купат ЦД како награда за остварената донација ќе имаат можност да се сретнат со ДНК зад сцената по завршувањето на концертот.
Интересен податок во врска со концертот е тоа дека влезот за дечиња до 9годишна возраст е бесплатен.
За крај, ДНК вечерва во 20 часот на своите дигитални платформи ќе го објават и видео-записот за последната песна од албумот „Дваесет“ со наслов „Романи“.
