Народна Банка

Помал економски раст и зголемена инфлација годинава

23.11.2022 14:48

Забавен раст на македонската економија до 2,3 насто годинава, нагорна корекција на инфлацијата од 14,3 проценти. Народна банка ги објави најновите макроекономски прокции. Денарот останува стабилен, девизните резирви се на високо ниво...

Надолна корекциција на растот на БДП, зголемена инфлација - проектира Народната банка. Македонската економија годинава ќе заврши со раст од 2,3 проценти и тенденција на благо закрепнување до 2024-та, на ниво од пред пандемијата.

Инфлацијата со нагорна ревизија од 14,3 проценти в година со постепено стабилизирање до девет насто. Ризиците демнеат под притисок на цените на храната и енергенсите. Гувернерката Бежоска уверува- девизните резерви се зголемени и се гаранција за стабилноста на домашната валута.

Банкарскиот сектор е ликвиден, депозитеите растат, по зголемување на каматната стапка се очекува да поскапат кредитите со стапка од  9,2 насто, депозитите со 3,9 проценти. Монетарната политика е соодветно поставена и во координација со фискаланата, вели Ангеловска- Бежоска.

 

Сузана Фиданска Стоевска