СП2022: Франција со победа над Австралија ја почна одбраната на титулата

23.11.2022 11:01

Франција, која допатува во Катар како бранител на светската титула од пред четири години во Русија, до премиерната победа дојде со пресврт, откако Крег Гудвин ѝ донесе водство на Австралија во 9. минута.

Франција убедливо ја совлада Австралија со 4-1 (2-1) во рамки на 1. коло во групата Д на Светското фудбалско првенство во Катар.  

Франција, која допатува во Катар како бранител на светската титула од пред четири години во Русија, до премиерната победа дојде со пресврт, откако Крег Гудвин ѝ донесе водство на Австралија во 9. минута.

Резултатскиот пресврт на стадионот „Ал Џануб“ уследи во интервал од пет минути со головите на Адриен Рабио (27) и Оливие Жиру (32). Франција го зголеми водството преку Килијан Мбапе (68), а конечниот резултат го постави Жиру со својот втор гол на натпреварот три минути подоцна. Претходно денеска во истата група Данска и Тунис одиграа без голови.