Министерот Оливер Спасовски на средба со австрискиот колега Герхард Карнер
Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Виена, во австриското Сојузно Министерство за внатрешни работи, оствари билатерална средба со Сојузниот министер за внатрешни работи на Република Австрија, Герхард Карнер...

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Виена, во австриското Сојузно Министерство за внатрешни работи, оствари билатерална средба со Сојузниот министер за внатрешни работи на Република Австрија, Герхард Карнер. На средбата, министерот Спасовски се заблагодари за поканата и истакна дека денешнава средба е уште една потврда за традиционално добрата соработка помеѓу двете министерства и двете земји, особено по стапувањето на сила на Договорот за полициска соработка меѓу двете Влади.
Министерот Спасовски упати благодарност до австрискиот колега Карнер за учеството на австриските полициски службеници во заедничките операции на нашата јужна граница, што значително придонесоа во зајакнување на капацитетите на нашата гранична полиција и секако во борбата против илегалната миграција и криумчарењето мигранти.
Спасовски изрази благодарност за заложбите на Сојузното Министерство за внатрешни работи на Република Австрија за спроведување на иницијативата за „Заедничка координативна платформа“ која има голем потенцијал да преземе водечка улога во координацијата на активностите за ефикасно справување со илегалната миграција.
Во однос на билатералната соработка, министерот Спасовски рече дека истата многу често се рефлектира и во заедничкото дејствување во меѓународните организации во кои што членуваат и двете земји односно двете Министерства за внатрешни работи. Тука е и соработката во рамки на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика со седиште токму овде во Виена во рамки на кој задоволство ми е да информирам дека во зачеток е спроведувањето на иницијативата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за воспоставување соработка со земјите на потекло на мигранти“, информираше министерот Спасовски, при што додаде дека како транзит земја Република Северна Македонија и земјите од регионот на Западен Балкан имаат потреба од формализирање на соработката со земјите од Патот на свилата заради осигурување ефективен механизам на враќање на мигранти како еден од клучните предуслови за ефикасен систем за гранична безбедност.
