Одѕивот на гласачите се поголем во градот на конзулите

27.04.2014 15:55

Покрај тоа што сега има два избирачки списоци, на избирачките места не се создава голема гужва...

Со речиси слична излезност од пред две недели, изборниот ден во Битола влезе во втората половина. Најважно е тоа што досега не се забележани никакви инциденти или неправилности, а во фокусот на битолчани, остануваат демократските пораки.

„Им препорачувам на носителите на победата, да го соединат македонскиот народ, не да го разединуваат... Македонија има демократски капацитет и овие избори да бидат како што се замислени, фер и демократски“, велат битолчани.

Покрај тоа што сега има два избирачки списоци, на избирачките места не се создава голема гужва.

„Изборите се одвиваат како претходните, иако имаме два избирачки списоци“, вели Боро Стојановски, претседател на Избирачки одбор.

Со околу 54%, најголема излезност во пелагонискиот регион до 13 часот, најголема излезеност бележи Новаци. Додека во соседната општина Демир Хисар, до 13 часот своето право на глас го искористиле околу 44% од запишаните во единствениот избирачки список.

 

Стевче Митревски