Ф1: Кина останува во календарот

24.11.2022 11:38

Британскиот сервис објави во вторникот дека трката за ГН на Кина ќе биде откажана поради строгите антиковид мерки во земјата.

Трката за Големата награда на Кина, која последен пат се одржа во 2019 година, сè уште е во календарот за 2023, објави денеска портпаролот на Светското првенство во Формула 1, демантирајќи ја со тоа вчерашната информација на Би-Би-Си.   

Продолжуваме да ја следиме ситуацијата со Ковид-19 во Кина и одржуваме близок дијалог со промоторот и властите. Кина е вклучена во календарот за 2023 и додека не објавиме поинаку, тоа ќе остане така, изјави портпаролот на Ф1.

ГН на Кина, која се вози во Шангај, е на распоредот во календарот за 2023 на 16 април и треба да биде четврта од рекордните 24 трки за следната сезона.