Димитров: Нападот на клубот е брутален акт на омраза, но не влијае на работата на комисијата
Пред почетокот, копретседавачот Ангел Димитров, инцидентот со бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид го оцени како брутален чин на омраза.

Во Скопје, нова средба на Мешовитата македонско- бугарска историска комисија. Се очекува дебата за учебниците по историја за 7-мо одделение и за Гоце Делчев.
Пред почетокот, копретседавачот Ангел Димитров, инцидентот со бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид го оцени како брутален чин на омраза.
„Вчерашниот напад на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ не треба да се коментира, тоа е брутален акт на омраза. Инцидентите влијаат на двете страни, но не и на работата на комисијата. Ние имаме свој научен пристап. Тоа е нашето решение на проблемите“, изјави Димитров.
Во однос за средбата на комисијата, Димитров рече дека денеска ќе се види дали ќе има напредок, и нагласи дека „оптимистот секогаш очекува нешто добро“.
