Граѓански организации

Нема пари за превенција на одредени болести

24.11.2022 13:11

Граѓанскиот сектор реагира – намалени се парите за програмите со кои треба да се обезбедат скрининзи за превенција на одредени болести, како и за ширење на заразни болести. Велат, превенцијата е инвестиција во здравјето, а не бадијала трошење пари...

Државата го крои најголемиот буџет за три децении постоење, но парите за здравство се кратат. Програмите кои треба да спречат ширење на болести и зарази, нема да можат да се реализираат во целост според препораките на Унијата, реагираат граѓанските организации.

Се намалуваат и програмите и за откривање на раковите на дојка и на грлото на матката. Потребно е двојно зголемување на пари за оваа намена за да се достигне европскиот просек на превентивни прегледи.

Вложувањето во превентива е инвестиција, а не трошок, повикаа надлежните и потсетуваат дека изминативе години од Брисел реагирале поради кратењето на програмите од година в година.

Наташа Јанчиќ Менковски