Случајот „Онишченко“ во фокус на пратеничките прашања
Украинецот со македонско државјанство Онишченко тема и на пратеничките прашања. Опозицијата прашува дали премиерот знаел од претходно за Украинецот дека е на црна листа на САД и како што велат, руски разузнавач. Премиерот Ковачевски без да одговори директно, само повтори дека АНБ ќе добие нов директор, а на Украинецот ќе му биде одземено македонското државјанство…

Премиерот Ковачевски без директен одговор на прашањето од опозицијата дали од претходно слушнал и знаел за, како што велат, рускиот разузнавач Олександар Онишченко. Пратеникот Милошоски со критика кон власта бидејќи од седуммина нови на американската црна листа, Онишченко бил на четврто место.
Премиерот Ковачевски без детали од реферирањето на директорот на АНБ во владата, само потврди дека Агенцијата ќе добие нов директор.
И додека опозицијата се интересираше за имотот на министерката за одбрана, за која тврдат дека не го пријавила, пратениците од власта со прашања за постигнатото околу справувањето со енергетската и економска криза.
Миле Ристески
