КАЗАХСТАН

Сирија и Русија загрижени поради турските воени активности против курдските движења

24.11.2022 14:20

На средбата во Казахстан, делегациите Сирија и Русија побараа Анкара да се воздржи од копнени операции...

Сирија и Русија загрижени поради турските воени активности против курдските движења на Блискиот Исток. На средбата во Казахстан, делегациите од овие земји побараа Анкара да се воздржи од копнени операции.

Офанзивата почна по истанбулскиот бомбашки напад во кој имаше жртви, за кој Турција ги обвини Курдите.