ДКСК ќе достави препораки до Собранието за редефинирање на финансирањето на изборните кампањи за локалните избори
Според Комисијата потребно е да се редефинираат одредбите кои се однесуваат на радиодифузерите, електронските медиуми, интернет портали, плакати, билборди. Извештајот посочува, потребно е редефинирање на износите на донациите што донаторите можат да ги уплатат на сметка на редовното работење на партиите и изборните сметки за да се спречи финансирање на „црни пари“...

Антикорупционерите ќе излезат со препораки до Собранието за редефинирање на финансирањето на изборните кампањи за локалните избори. Според Комисијата потребно е да се редефинираат одредбите кои се однесуваат на радиодифузерите, електронските медиуми, интернет портали, плакати, билборди.
Извештајот посочува, потребно е редефинирање на износите на донациите што донаторите можат да ги уплатат на сметка на редовното работење на партиите и изборните сметки за да се спречи финансирање на „црни пари“ или купување гласови во замена за идни вработувања или доделување на договори за јавни набавки.
На седницата беше истакнато дека масовното непочитување на обврските на транспарентноста од страна на политичките партии, необјавување на извештаи, се должи на фактот што во ниту еден закон не е дефинирана институцијата со надлежност за контрола во реално време.
