Градски превоз

Арсовска обвинува, превозниците демантираат

24.11.2022 16:36

Градоначалничката Арсовска тврди дека запирањето на сообраќајот од превозниците се случува поради аферата со примање пари од Јавното сообраќајно претпријатие за билети кои никаде не се заведени од финансиските институции. Фирмите ни се отворени за инспекторите-велат приватните превозници кои најавуваат тужба за клевета...

Привиден хаос во градскиот сообраќај кој некој намерно го предизвика, вака градоначалничката Арсовска го опиша она што деновиве се случува во Скопје. Таа рече дека обврската на ЈСП да исплаќа по евро за изминат километар кон приватните превозници, месечно чини 24 милиони денари. Најави ревизии оти во последните 5 години, приватните превозници не ги пријавувале парите од билетите. Според неа, станува збор за разработена шема.

Арсовска најави нов јавен повик преку кој приватните превозници ќе може да аплицираат поединечно. Здруженијата велат, отворени сме за инспекциите, најавуваме тужба за клевета.

Средба на градоначалничката и Здруженијата на приватни превозници досега немаше и покрај нивните барања да ги кажат на Арсовска аргументите.

Александра Спировска