Куманово: Помасовно гласање во вториот дел од изборниот ден
Без оглед на етничка припадност граѓаните со исти очекувања од претседателот и народните избраници...

На гласачкото место 1000/1 во Куманово запишани се околу 500 избирачи, припадници на сите 6 етнички заедници.
Без оглед на етничка припадност граѓаните со исти очекувања од претседателот и народните избраници.
„Дојдовме да го оствариме своето право на глас и се надеваме на подобар живот за сите граѓани, особено во поглед на отварање на нови работни места... Најважно е пратениците да мислат на подобрување на економската состојба“, велат анкетираните граѓани.
Поголема раздвиженност, помасовно гласање се забележува во вториот дел од изборниот ден.
„Задоволни сме од одѕивот, над 50 проценти излегоа на гласање. Во последните два часа очекуваме уште поголема излезеност“, вели Боривоје Димковски претседател на избирачки одбор на гласачко место 1000/1.
Во најдобар ред тече гласањето и во Општините Кратово, Крива Планка и Ранковце информираат од избирачките комисии.
Габриела Димковиќ
