Мирно тече гласањето во Југоистокот од Македонија

27.04.2014 17:18

До 13 часот, најголема излезност има во Богданци...

На неполни два часа до затворањето на гласачките места, мирно и во демократска атмосфера тече гласањето во Југоистокот од Македонија.

До 13 часот, најголема излезност има во Богданци, каде гласале 38,71% од запишаните гласачи, а најниска во Босилово, каде гласале 18,67% од граѓаните со право на глас.

Во Струмица 35% од граѓаните го дале својот глас за предвремените парламентарни, а 34,69% бирале нов претседател на Република Македонија до 13 часот.

„Ова е прв пат да гласам и се надевам дека овие избори ќе донесат за нас младите подобра иднина и подобри услови за вработување... Очекуваме подобрување... Се надеваме на подобра иднина“, велат случајно анкетираните граѓани.

На двојните избори во Југоистокот правото на глас го искориле над 46 илајди гласачи од вкупно запишаните 146.062. тука во десетте општини се гласа на 278 избирачки места од кои 83 се лоцирани во Струмица.

 

Катерина Давчева