Руско - украински конфликт
Лукашенко нема да испраќа своја војска во Украина
25.11.2022 09:57
Во Киев е обновено снабдувањето со струја. Во бомбардирањето на Запорожје е уништена болница, а при нападот нема повредени. Русија тврди дека не цели кон цивилни објекти...

„Уништувањето на украинската инфраструктура нема да ја намали одлучноста за ослободување на териториите“, изјави претседателот на Украина Зеленски.
Во Киев е обновено снабдувањето со струја. Во бомбардирањето на Запорожје е уништена болница, а при нападот нема повредени. Русија тврди дека не цели кон цивилни објекти.
Европската унија подготви девет пакети санкции за Москва. Белорускиот претседател Лукашенко, претходно, изјави дека нема да испрати своја војска на територијата на Украина бидејќи тоа нема да реши ништо.
