ВЕНЕЦУЕЛА

Мадуро во нови преговори со опозицијата

25.11.2022 10:14

Владата на Венецуела и опозицијата ќе ги продолжат преговорите за излез од кризата на земјата. Овој пат ќе бидат вклучени норвешки дипломати...

Владата на Венецуела и опозицијата ќе ги продолжат преговорите за излез од кризата на земјата.

Пред две недели делегациите на двете партии учествуваа во дискусија во посредство со францускиот претседател Макрон. Овој пат ќе бидат вклучени норвешки дипломати. Претседателот Николас Мадуро им се заблагодари за улогата во разговорите, а изрази задоволство и од позитивната дипломатија на неговиот мексикански колега Обрадор.

Дијалогот официјално почна во септември 2021-ва, но беше прекинат откако Мадуро нареди повлекување на својата делегација поради екстрадиција на близок соработник во САД.