Македонија

Нови простории на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје

25.11.2022 10:19

Најавено е присуство на македонската министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и нејзиниот бугарски колега Велислав Минеков.

Денес свечено ќе бидат отворени новите простории на Бугарскиот културно-информативен центар, во строгиот центар на Скопје. Според директорката на центарот Антонија Велева, ова е државна институција, и нема поврзаност со бугарските клубови што се отворија.

Најавено е присуство на македонската министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и нејзиниот бугарски колега Велислав Минеков.

Бугарскиот културен центар е основан во 2006-та година по Договорот меѓу владите од април 2003-та година. Новата зграда има библиотека со над 9.000 книги, читална со 1.000 изданија на бугарски јазик, сала за културни настани, филмски проекции и изложби.

Свеченото пуштање во употреба на новата зграда на бугарскиот центар се одвива во сенка на уште еден напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.