Финансии

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2023-та

25.11.2022 10:30

Комисијата ја почна дебатата завчера, а денеска е втор од предвидените 10 дена за расправа. Поднесени се 263 амандмани, од кои околу 200 се од ВМРО-ДПМНЕ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2023-та година.

Комисијата ја почна дебатата завчера, а денеска е втор од предвидените 10 дена за расправа. Поднесени се 263 амандмани, од кои околу 200 се од ВМРО-ДПМНЕ, од каде оценија дека власта предложила неразвоен, нереален и инфлаторен буџет.

Според Владата, пак, со Предлог-буџетот се обезбедени пари за справување со последиците од енергетската криза и зголемената инфлација и редовно ќе се намируваат сите обврски на државата.