И најстариот велешанец го оствари своето право на глас

27.04.2014 17:21

На сите досегашни избори гласал се сеќава на многу ветувања, но вели дека гласот на народот е појак од секој збор на политичарот...

Во Велес, гласачките кутии полека се полнат, се бира таткото на нацијата и 123 пратеници. Со мисла за подобр утре и дедо Милан дојде да гласа.

„Еден глас еден мандат нели“, рече Милан Ристовски

Има 95 години и тој на овие избори го има епитетот најстар гласач во Велес. На сите досегашни избори гласал се сеќава на многу ветувања, но вели дека гласот на народот е појак од секој збор на политичарот.

„Од претседателот очекувам да биде претседател на сите граѓани на Македонија.од пратениците да бидат редовни  на седница да дискутираат по прашања, по предложените амадмани да даваат сугестија“, рече Ристовски.

На избирачкото место каде гласаше најстариот велешаниц правото на глас може да го искористат уште 821 лице.

 

Дијана Иванова