Македонија

Изложба „Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени“

25.11.2022 11:13

Изложбата се поставува по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, а во неа фондацијата World Press Photo и Кралството Холандија претставуваат избор на приказни, наградени на конкурсите на World Press Photo од 2000 до 2021 година, кои ја истакнуваат отпорноста и предизвиците на жените, девојките и заедниците низ светот...

Изложбата со наслов „Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени денеска ќе биде отворена во Мултимедијалниот центар „Мала станица“.

Изложбата се поставува по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, а во неа фондацијата World Press Photo и Кралството Холандија претставуваат избор на приказни, наградени на конкурсите на World Press Photo од 2000 до 2021 година, кои ја истакнуваат отпорноста и предизвиците на жените, девојките и заедниците низ светот.

Како организатор на изложбата се јавува од Македонскиот центар за фотографија во партнерство со Националната галерија, а финансиски е поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија.

Предвидено е во рамки на изложбата, кураторката од фондацијата World Press Photo, Марика Цукровски, утре да одржи предавање во Кинотеката на Северна Македонија, а Македонскиот центар за фотографија ќе организира и фотоработилница за документарна фотографија на тема „Човекови права“.На работилницата ќе земат учество 11 студенти по фотографија.