ОБСЕ бара ослободување на набљудувачите заробени во Украина
Преговарачите се на средба со самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов, којшто рече дека набљудувачите ќе бидат ослободени во замена за про-руските милитанти во Киев...

Тимот на ОБСЕ што пристигна во Славјанск бара да бидат ослободени осумте набљудувачи од нивната организација кои се заробени од проруските бунтовници.
Преговарачите се на средба со самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов, којшто рече дека набљудувачите ќе бидат ослободени во замена за про-руските милитанти во Киев.
Тој истакна и дека заробените монитори на ОБСЕ се воени затвореници.Бунтовниците претходно ги изведоа осумте члена на набљудувачката мисија пред новинарите, а нивниот претставник рече дека со нив се однесуваат добро.
„Нашето присуство овде во Славјанск е политички инструмент за оние што донесуваат одлуки во овој регион, и е можност за преговори“, вели Алекс Шнајдер, шеф на мисијата на ОБСЕ.
Набљудувачите на ОБСЕ во источна Украина се со цел да го надгледуваат спроведувањето на договорот потпишан во Женева на почетокот на април, за смирување тензиите во регионот. Бунтовниците во Славјанск интензивно земаат заложници во обид да ја зацврстат контролата во источниот дел на земјата пркосејќи им на властите во Киев, главниот град на прозападните поддржувачи.
Марина Автовска
