Србија

Голема полициска акција во Хоргош, приведени над 600 мигранти

25.11.2022 12:44

Полицијата интервенирала по дојава дека по улиците шетаат мигранти и отвораат оган едни кон други...

Српската полиција во судир со голема група мигранти во Хоргош. Приведени се над 600 лица.

Полицијата интервенирала по дојава дека по улиците шетаат мигранти и отвораат оган едни кон други. Во претрагата на теренот се вклучени специјалци, хеликоптери и дронови. Акцијата е проширена и во Белград.