Македонија

Приватните превозници на средба во Советот на Град Скопје

25.11.2022 13:15

Веќе петти ден овие превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг од Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Бараа одговор од менаџментот зошто не им е исплатен долгот од околу два милиони евра за неколку месеци...

Приватните превозници на средба со советничките групи во Град Скопје. Од утрово протестираат пред Јавното сообраќајно претпријатие. Бараа одговор од менаџментот зошто не им е исплатен долгот од околу два милиони евра за неколку месеци.

Нè оставија без леб, чесни сме, инвестираме сами во она што го имаме-изјавија пред камерите.

Остри реакции по вчерашните обвинувања од градоначалничката Арсовска за криминал при наплата на билети и нивно фактурирање до ЈСП, а непријавување на заработката.